|
Напишано од Администратор
|
|
23.11.2007. |
|
Добродојдовте на официјалната страна на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет. Тука ќе најдете информации за работата на Федерацијата. Се надеваме дека оваа страна ќе ги задоволи Вашите барања. Благодариме на посетата. |
|
Последно освежување ( 26.11.2008. )
|
|
|
Напишано од Администратор
|
|
17.06.2009. |
|
Параолимпијците успешно го започнаа олимпискиот циклус на 2 меѓународни натпревари параолимпијците
освоија 5 златни и 2 бронзени медали
Македонските стрелци - параолимпијци, успешно го започнаа новиот олимписки циклус. Благодарение на средствата добиени од Агенцијата за млади и спорт за реализација на меѓународен спорт, параолимпијците учествуваа на два големи меѓународни натпревари и тоа на Светскиот куп во стрелаштво за инвалиди “Hessenpokal 2009” што се одржа во Бад Орб, Германија од 13-17.05.2009 година на кој учествуваа: Бранимир Јовановски, тренер и стрелец, Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов, Тони Митровски и Лидија Крстеска стрелци, придружувани од асистентот Далибор Јовановски и генералниот секретар на ФСРИМ-МПК Драган Дојчиноски. Ова беше петнаесеттото издание на „Хессенпокал“ и за прв пат како Светски куп на кој учествуваа преку 160 стрелци од 22 држави од Европа и пошироко бидејќи беа присутни спортисти од САД, Кореа, ... |
|
Последно освежување ( 17.06.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Напишано од Администратор
|
|
17.06.2009. |
|
21-ви републички спортски игри на телесни инвалиди на Македонија Од 28-31.05.2009 година на спортскиот комплекс “Биљанини Извори”, стрелиштето “Бејбунар” и ОУ “Климент Охридски” во Охрид, во организација на Сојузот на телесно инвалидизираните лица на Македонија и Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија – Македонски параолимписки комитет, беа одржани 21-те Републички спортски игри на телесни инвалиди на Македонија на кои учествуваа 90 натпреварувачи од 15 општински и меѓуопштински здруженија на телесни инвалиди од државата. Натпреварите се одржаа во 3 спортови и тоа: стрелаштво, атлетика и пинг понг.
Освојувачи на медали: |
|
Последно освежување ( 17.06.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Државно првенство во Пинг понг |
|
Напишано од Администратор
|
|
17.06.2009. |
|
Државно првенство во Пинг понг Струмица 11.04.2009 година Во организација на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет, во Струмица на 11.04.2009 година беше одржано Државното првенство во пинг понг. На првенството беа постигнати следните резултати: |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Во посета на Амбасадата на НР Кина во Скопје |
|
Напишано од Администратор
|
|
6.11.2008. |
 На 23.09.2008 година, македонската параолимписка делегација, заедно со олимпискиот тим на Република Македонија, на покана на амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, неговата екселенција, беше во посета на амбасадата. Од страна на амбасадорот беше организиран коктел на кој поред другото беше сервирана и храна од традиционалната кинеска кујна. Цел на поканата беше да се евоцираат спомени на штотуку завршените олимписки и параолимписки игри кои со огромен успех се одржаа во Пекинг и ќе останат силно врежани во сеќавањето на сите учесници. Македонскиот параолимписки тим беше во комплетен состав: Драган Дојчиноски – Шеф на мисија, Бранимир Јовановски – селектор и тренер, Далибор Јовановски – асистент и Ванчо Каранфилов – спортист. |
|
Последно освежување ( 17.06.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Игрите низ призма на рекорди |
|
Напишано од Администратор
|
|
6.11.2008. |
 Параолимписките игри во Пекинг уште на старт срушија повеќе рекорди. Преку 4.000 спортисти од до сега рекордни 147 држави учествуваа на игрите, од кои пак пет за прв пат и тоа: Црна Гора, Бурунди, Грузија, Габон и Хаити. Исто така околу 2.500 тренери, придружници и други технички лица од националните параолимписки комитети беа сместени во олимпиското село, околу 5.600 претставници на медиумите ги следеа игрите кои директно ги опслужуваа повеќе од 30.000 волонтери. |
|
Последно освежување ( 17.06.2009. )
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 11 од 14 |