|
Архива -
Атлетика
|
|
Напишано од Administrator
|
|
Понеделник, 07 Февруари 2011 03:05 |
|
Ифаим Љута ќе учествува на 4-ти Светски игри за слепи и слабовидни во Анталија
Кандидатот на Македонскиот параолимписки комитет за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012, слабовидниот атлетичар Ифраим Љута и неговиот тренер, воедно и селектор на репрезентацијата Крсто Серафимовски, ќе учествуваат на 4-те Светски игри на ИБСА (International Blind Sports Association) кои ќе се одржат во Анталија, Турција од 01-10.04.2011 година.
Селекторот планира да го пријави атлетичарот Ифраим Љута за настап во спринтерските дисциплини на 200м и 400м во класата Т-13.
Настапот на ова првенство е можност Ифраим Љута да освои норма за учество на следните параолимписки игри. За да ја исполни задачата, Ифраим ќе мора да истрча во голем стил и во недостаток на минимум норми (се уште не се објавени) ќе мора да постигне резултати подобри отколку нормите по дисциплини кои важеа за Пекинг 2008 и тоа:
200м – А норма 23,30 или Б норма 23,90 секунди
400м – А норма 52,00 или Б норма 55,00 секунди |
|
Последно освежено на Четврток, 10 Март 2011 09:53 |