Добродојдовте

Лого на ФСРИМ - МПКДобродојдовте на официјалната страна на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонски Параолимписки Комитет. Тука ќе најдете информации за работата на Федерацијата. Се надеваме дека оваа страна ќе ги задоволи Вашите барања. Благодариме на посетата.

 
Светски куп во стрелаштво - Сиднеј 2011 Ден 3
Напишано од Administrator   
Петок, 18 Ноември 2011 07:40

Оливера Наковска БиковаТрет ден - трета среќа за Оливера

Во тешка борба, во која за време на основниот дел имаше доста кризни моменти, на крај Оливера Наковска Бикова успеа да се пласира во финалето на делба на првото место (поточно беше прва по внатрешни центри).

Последно освежено на Петок, 18 Ноември 2011 08:19
Повеќе...
 
Светски куп во стрелаштво - Сиднеј 2011 Ден 2
Напишано од Administrator   
Среда, 16 Ноември 2011 07:24

Бранимир ЈовановскиНа 16.11.2011 година, нашата репрезентација се натпреваруваше во досциплината Малокалибарски пиштол слободен избор (Р4 free pistol). Во основниот дел, кој се стрелаше по доста ветровито време (значи за сите натпреварувачи беа исти условите) и кое драстично знае да ги намали резултатите, особено на стрелците кои подолго го задржуваат пиштолот пред испалување, нашите репрезентативци се пласираа: Оливера Наковска Бикова - на третото место со 528 кругови, Ванчо Каранфилов со 515 кругови и Бранимир Јовановски на седмото со 511 кругови.

Последно освежено на Петок, 18 Ноември 2011 08:15
Повеќе...
 
Светски куп во стрелаштво - Сиднеј 2011
Напишано од Administrator   
Вторник, 15 Ноември 2011 13:17

IPC World Cup Australia 2011Македонската репрезентација учествува на Светскиот куп во стрелаштво во Сиднеј. Бранимир Јовановски, кој е во улога на натпреварувач, селектор и тренер на нашата репрезентација со свои импресии од неговиот прв настап.

Бранимир Јовановски: „Во финале влегов како трет. Императивот за второ место кое воедно беше и директна квота за Лондон 2012 беше преголем. Многу адреналин, многу желба... мала деконцентрација... и пад на 4-тото место. Тоа е спортот - не секогаш оди по желбите и посакувањата. И останатите колеги имаа голема желба за висок пласман. Ние дадовме се’ од себе. Резултатите тоа не го кажуваат, меѓутоа сепак јас сум задоволен. Утре настапуваме на 50 м - пиштол слободен избор“.

Повеќе за случувањата на Светскиот куп во Сиднеј може да следите на http://www.ausshooting.org, а резултатите од денешниот настап може да ги погледнете и тука: Квалификации Спорт пиштол SH1 (линк); Финале Спорт пиштол SH1 (линк).

Последно освежено на Вторник, 15 Ноември 2011 13:41
 
Финале за Оливера Наковска Бикова
Напишано од Administrator   
Сабота, 07 Мај 2011 18:05

Ekipa1Вториот натпреварувачки ден (05.05.2011) на Светскиот Куп во стрелаштво во Аликанте се стрелаше дисциплината малокалибарски пиштол слободен избор. Со оглед на тоа дека стрелиштето има 26 употребливи стрелачки места за оваа дисциплина, а беа пријавени 55 стрелци, согласно правилата на ИССФ најнапред се одржаа елиминаторни борби кои воедно беа и натпревар за екипен пласман.

Последно освежено на Сабота, 07 Мај 2011 18:21
Повеќе...
 
Успешен старт на нашите стрелци
Напишано од Administrator   
Четврток, 05 Мај 2011 09:39

alikante1На Светскиот куп во Аликанте - Шпанија, нашата стрелачка репрезентација имаше успешен старт. Репрезентацијата во состав: Оливера Наковска Бикова, Ванчо Каранфилов и Бранимир Јовановски, во својот прв настап го освоија третото место во конкуренција на преку 240 учесници од 44 држави. Овој Светски куп е најголем во историјата на Меѓународниот Параолимписки Комитет.

Денес нашите стрелци ќе го имаат својот втор настап. Веруваме дека до крајот на денот, ќе се израдуваме уште од некој висок пласман.

Последно освежено на Четврток, 05 Мај 2011 09:55
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 1 од 11
 
Кој е тука
Има 1 гостин присутни

 

Агенција за млади и спорт на РМ

 

 

 

Меѓународен Параолимписки Комитет

 

Национален совет на инвалидски организации на РМ