Објавени бројот на местата по држави за настап во стрелаштво на Параолимписките игри во Лондон 2012 година
IPC Стрелаштво на 16.01.2012 година ја објави листата на распределба на стрелачки места по држави за учество на Параолимписките игри во Лондон 2012. Меѓународниот параолимписки комитет го објави списокот на 132 места од вкупно 140. Осум места се уште не се доделени и ќе бидат издадени преку бипартитната покана во март годинава, а со цел да се обезбеди еднаква глобална застапеност на државите на Параолимписките игри.
Јужна Кореја води на листата со 12 места за своите спортисти, додека домаќинот Велика Британија има 11 места, понатаму следуваат Германија и Русија на кои им се доделени по осум места.






Повеќекратните заложби на претседателот и генералниот секретар на НФСРИМ-МПК за дефинирање статусот на нашиот спортисти Вангел Жабев во однос на стекнувањето на правото на Национално спортско признание конечно вродија со плод. Имињата на Вангел Жабев и на Рагми Арифовски беа официјално објавени во Службен весник на РМ бр. 4 од 11.01.2012 година. Имено, врз основа на член 11 од Уредбата за определување на условите и начинот на доделување на национално спортско признание за врвно спортско остварување и висината на паричниот надоместок (,,Службен весник на Република Македонија,, бр. 127/2008), Агенцијата за млади и спорт, секоја година објавува ЛИСТА НА СПОРТИСТИ НА КОИ ИМ Е ДОДЕЛЕНО НАЦИОНАЛНО СПОРТСКО ПРИЗНАНИЕ.
На 26.12.2011 година во Универзалната сала во Скопје во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Република Македонија се одржа спектакуларната спортска манифестација ”СПОРТИСТИ НА ГОДИНАТА 2011”. На манифестација се доделија награди за најуспешните од македонскиот спорт кои ја одбележаа 2011 година:



