Атлетско првенство - Хрватска

  • PDF

11 Отворено атлетско првенство за лица со инвалидитет - Ријека Хрватска 23-25.05.2009 год.

hrvatska2Во Ријека на стадионот “Кантрида од 23-25.05.2009 година се одржа 11 Отворено атлетско првенство за лица со инвалидитет.
На првенството настапија преку 150 натпреварувачи од седум држави, а Република Македонија ја представуваа Александар Талевски во категорија Т-46 и Наде Цветковска во категорија Ф-46, како и селекторот на репрезентацијата Крсто Серафимовски и Драган Дојчиноски генерален секретар во ФСРИМ-МПК.


Александар Талевски во трката на 100 метри во конкуренција на два натпреварувачи го освои првото место со време од 12,81секунди, а на 200 метри во конкуренција на три натпреварувачи го освои првото место со резултат од 26,11 секунди.
Нада Цветковска беше пријавена во три дисциплини ѓуле, диск и копје, но во консултација со селекторот настапи само во две дисциплини, бидејќи на еден од тренинзите се пожали на болка во раката и селекторот не сакаше да ризикува да дојде до поголема повреда и одлучи да ја повлече од настап во дисциплината ѓуле. Во дисциплината диск во конкуренција на три натпреварувачки го освои третото место со резултат од 17,33 метри. Во дисциплината копје во конкуренција на четири натпреварувачки го освои третото место со резултат 19,09 метри.
И покрај освоените медали, постигнатите резултати на Александар Талески и на Нада Цветковска беа скромни и далеку од минимум олимписките норми.
You are here