СВЕТСКИ КУП ВО СТРЕЛАШТВО ВО АЛ АИН 2019

1Квалификацискиот Светски куп во стрелаштво во Ал Аин 2019, на кој беа поделени 17 директни квоти за учество на Параолимписките игри во Токио 2020, заврши.
За жал, заради недостаток на средства, македонските спортисти не учествуваа на овој престижен спортски настан во 2019 година.
210 спортисти од 44 држави кои настапија на купот покажаа извонредни перформанси подобрувајќи и изедначувајќи 4 сениорски и 3 јуниорски светски рекорди. Честитки за нивните високи спортски дострели и честитки до сите спортисти кои освоија директна квота за Токио 2020.
Овде ќе ги набројам само резултатите по дисциплини на првопласираниот и осмопласираниот спортист, а преку фотографиите ќе можете да ги видите резултатите до 14 место. Целосните резултати можете да ги видите на веб страницата наhttp://results.sius.com/Events.aspx…
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ-мажи: првиот 579 WRJ, осмиот 562;
ВОЗДУШЕН ПИШТОЛ-жени: првата 577 WR, осмата 549;
СПОРТ ПИШТОЛ: првиот 583, осмиот 563;
СЛОБОДЕН ИЗБОР: првиот 553, осмиот 533, а во оваа дисциплина во елиминации беше изедначен светски рекорд EQWR 554 кругови.
ВОЗДУШНА ПУШКА-мажи:првиот 623,8, осмиот 617,7
ВОЗДУШНА ПУШКА-жени: првата 625,0, осмата 616,0

Сериозно високи резултати, воедно и мотив и инспирација за нашите спортисти-стрелци за вклучување во поинтензивен планиран тренажен процес и подигање на спортската форма, бидејќи годинава ќе се „судриме“ со овие спортисти барем на два натпревари, и тоа во Хановер во мај и во Сиднеј во октомври. Особено ќе биде важен настапот на Светското првенство во Сиднеј каде очекуваме освојување на директни квоти за Токио, меѓутоа услов е нашите спортисти да стрелаат во висина на осмопласираните или некој круг подобро. Тие тоа го можат и потојано го потврдуваат на контролните натпревари, имаат доволно знаење и искуство, па да се надеваме дека и последниот фактор, „спортската среќа“ ќе биде со нас и дека тоа ќе го постигнат и на официјалните првенства.