ССРИ Куманово го одбележа меѓународниот ден на спортот со натпревар во пинг понг

1На 06.04.2019 година во спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово се одигра пингпонгарски двомеч помеѓу екипите на Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово за кој настапија Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ и Зоран Трајановски (минатогодишни шампиони во лигата на Македонија во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет) и Пингпонгарскиот клуб Куманово од Куманово за кого настапија Давор Стојановски, Цобе Јаневски, Милан Додевски и Игор Маневски. Победи екипата на ППК Куманово со резултат 5:0.
Судија на натпреварот беше Ненад Додевски, а делегат Мики Трендафиловски. 

По завршување на екипниот дел, се одигра поединечно првенство на кое нашиот спортист Страшко Коцевски го освои 3-то место.